Јапонец се венчаше со холограм, потрошил 17 илјади долари за свадбата (видео)

Акихико Кондо, 35-годишен администратор на училиште во Токио, стапи во брак со холограм. Неговата нова „сопруга“ е пејачка во виртуелната реалност по име Хатсуне Мику. Анимираниот лик е 16-годишно девојче со тиркизна коса создадено од Crypton Future за софтвер Vocaloid. Нејзиниот глас е моделиран по јапонската актерка Саки Фуџита.