Јапонскиот милијардер Маецава бара жена со која ќе патува до Месечината

Јапонскиот милијардер Јусаку Маецава бара животна сопатничка која би одела со него на вселенското патување до Месечината. Овој 44-годишен Јапонец е првиот патник на ракетата Starship до Месечината.

Патувањето кое го организира Илон Маск со неговата компанија SpaceX е планирано за 2023 година и тоа ќе биде првото патување на луѓе до Месечината од 1972 година.

На Twitter, Маецава напиша дека сака да го сподели ова искуство со некоја посебна жена. Имено, милијардерот неодамна раскина со својата девојка, актерката Ајаме Горики.

„Чувството на осаменост и празнината полека почнуваат да ме обземаат. Постои една работа за која постојано размислувам – да продолжам да сакам една жена. Сакам да најдам животна сопатничка и од вселената да испратам порака за нашата љубов и за мир во светот“, вели Маецава.

Овој ексцентричен милијардер на почетокот на овој месец вети дека ќе подели 925.000 долари со стотина негови следбеници кои ќе ги споделат неговите твитови.

Цената која Маецава ја платил за својот билет до Месечината не е објавена, но според зборовите на Илон Маск, тоа се „многу пари“. Освен тоа, Маецава вели дека планира да повеќе група уметници со себе.