Јапонски народни мудрости: „Пред одлуката – размисли, по одлуката – не размислувај.“

Јапонците важат за остроумни луѓе кои живеат по свои строги принципи и традиции, па зошто да не научиме нешто од нив?

  „Човекот е смртен, но неговото име може да стане бесмртно.“
  „Својата обврска кон родителите често ја чувствуваме тогаш кога повеќе ги нема.“
  „Добрината на таткото е повисока и од највисоката планина. Добрината на мајката е подлабока и од најдлабокото море.“
  „Фалењето е почетокот на срамот.“
  „И најдобриот сокол нема ништо да улови, ако не му дадат да полета.“

  „Оној со чие срце владее лакомоста е бескрајно сиромашен, без разлика колку пари има.“
  „Кога умираш од жед, доцна е да копаш бунар.“
  „Да одиш брзо значи да одиш бавно без прекини.“
  „Со неволјата човек треба да се бори со памет, а не со солзи.“
  „Не знаеш што е во душата на човекот кој постојано се смее.“

  „Големите несреќи настануваат од мали причини.“
  „Пред одлуката – размисли, по одлуката – не размислувај.“
  „Кога најмногу ти се брза, биди најбавен.“
  „Направи сè што можеш, а останатото препушти и го на судбината.“
  „Среќата влегува во домот во кој се слуша смеа.“
  „Малку учиме од победите, а многу од поразите.“
  „Претераната искреност често се граничи и со глупавост.“