Јапонците почнаа да отвараат кафулиња за гушкање

Јапонците дефинитивно се нација поразлична од сите други. Кај нив нивото на упорноста, дисциплината и трудољубивоста како да е од друга планета. Државни празници и неработни денови им предизвикуваат стрес и хистерија, но сепак и тие не можат да се борат против човечката природа. Секое живо суштество на крајот на денот има потреба да осети топлина од друго тело, а Јапонците го пронајдоа наjпрактичниот модел, како што им доликува.

Психолозите веќе некое време предупредуваат дека осаменоста му прети на човечкиот род, и ќе стане “болест” на 21. век. Депресија, анксиозност, раздразливост, апатија се само дел од симптомите кои се нуспојави на овој проблем. Човекот е живо битие и како такво треба да се третира. Не може ни една социјална мрежа, видео игра, робот или ТВ серија да му ја пополони празнината и потребата од присуство на друг жив “створ”.

Јапонците како најаналитички народ ја имаат увидено алката која е слабост во нивниот менталитет и систем, а поединци се потрудиле и да профитираат од тоа. Неодамна во Токио е отворен и првиот салон за “ко-спиење” Soineya, во кој поединци плаќаат од час да го доживеат комфортот на спиење до друга особа.

Цените се во оваа насока:

Влез- 3,000 јени или 25 евра

20 минути- 3,000 јени

40 минути- 5,000 јени или 40 евра

2 часа- 11,000 јени или 90 евра

3 часа- 16,000 јени или 130 евра

4 часа- 20,000 јени или 163 евра

5 часа- 25,000 јени или 205 евра

6часа- 30,000 јени или 245 евра

10 часа- 50,000 јени или 410 евра

Ако гостинот сака да избере до која од девојките ќе поспие треба да доплати 1000 јени и дополнителни 500 за секој саат кои се додаваат на претходниот ценовник

Да напоменеме дека овој ценовник е само доколку клиентот лежи до девојката, без никаков допир. За било каков физички контакт ценовникот е следен:

  • Клиентот спие на раката на девојката 3 минти, дополнителни 1000 јени или 8 евра
  • Девојката го допира грбот на клиентото 3 минути, 1000 јени
  • Девојката и клиентот “зјапаат” еден во друг дополнителни 1000 јени
  • Девојката го менува “аутфитот” ,1000 јени
  • Девојката му ги масира стапалата на клиентот, 1000 јени за 3 минути
  • Клиентот и ги масира стапалата на девојката, 2000 јени за 3 минути
  • Клиентот спие во крилото на девојката 3 минути, 1000 јени
  • Девојката спие во крилото на клиентот 3 минути, 2000 јени

Во меѓувреме Soineya регрутира девојки за работа за парцијално работно време во салонот и за достава на домашна адреса. Платата е 3,500 јени (28 евра) од час.

Loading...