Јувентус има нов тренер и ново лого

Наполитанецот Маурицио Сари е новиот тренер на Јувентус, кој е 19-ти клуб во неговата долга тренерска кариера. Фудбалските фанови дизајнираа ново лого за Јувентус, поради страста која ја има Сари спрема цигарите.

Сари по едногодишна авантура во Англија, каде беше тренер на Челзи, се враќа во Италија. Јувентус му е дури 19-ти клуб во тренерската кариера која ја почнал на 31 година, бидејќи никогаш не бил професионален фудбалер.