Џабе киневте нерви, победникот се знаеше пред да биде соопштен!

Организаторите на Евросонг оваа година, мајсторски изиграа за да ја направат завршницата неизвесна. За жал или за среќа и ние бевме дел од оваа игра, и на своја кожа осетивме како е да се биде инволвиран во “инфаркт” завршница на едно вакво наптпреварување. Но кој ги знаеше правилата на време сигурно со сеир гледал како милиони Македонци, Швеѓани, Италијани, Холанѓани непотребно паѓаат во несвест цели 20 минути.

Реалноста е дека кога Холандија доби 261 поен од публиката требаше да почне да си слави, но водителите уште повеќе ја зголемија тензијата како да допрва треба да почне разврската. Што е поентата?

По овој концепт на гласање, 42 земји даваат вкупно 2.378 бодови од стручно жири и 2.378 од гласањето на публиката по СМС, по принцип распределени од 1 до 12. Во моментот кога Холандија доби 261 поен од публика, со вкупни 492 бода избива на прво место пред Италија која има вкупни 465.

Тогаш славјето може да почне бидејки за Македонија и Шведска остануваат да поделат само 151, преостанатите од вкупните 2.378 од публика. Знаејќи дека Шведска има 239 од жири, а Македонија 237, дури  еден да ги освоеше сите 151 немаше да бидат доволни за победа.

Како и да е успеаја Евровизија, барем на нас Македонците да ја направат најомразена манифестација која што со денови ќе биде број еден тема за анализи и споделување на импресии.