Џејми Ли Кертис се пофали дека добила мед од Атиџе ФОТО

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис беше еден од најгласните поддржувачи на нашата „Медена земја“.

Таа, сега, на својот Инстаграм-профил на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе.

„Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сe уште не сте го гледале „Медена земја“, одете!“, напиша таа под фотографијата со подарокот.

Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“.

Актерката беше воодушевена од филмот.

„Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“,  напиша таа.

 

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм