“Џиновски пенис” е првото што го видел Трамп при слетувањето во Лондон

Еден еколошки освестен тинејџер, со огромен пенис се одлучи да му посака добредојде на Трамп при посетата на Лондон.

Осумнаесет годишниот Оllie Nancarrow, кој во локалниот весник е опишан како “онлајн бизнисмен”, целиот викенд го поминал косејќи го својот тревник за да му посака добредојде на Трамп со ова “ремек дело”.

Тој со своите родители, од кои добил дозвола за проектот, живее на место каде постојано прелетуваат авионите што слетуваат на лондонскиот аеродром Станстед, каде слета и Трамп во понеделникот.

Тинејџерот води веб страна Born-eco, преку која се продаваат еко-производи, и активен е во подигањето на свеста околу климатските промени. За локалниот весник БС индипендент, Оли изјавил дека Трамп и неговото негирање на климатските промени не се добредојдени во Лондон и сака тој да биде свесен за тоа кога ке слета на аеродормот.