Џошуа му се реваншираше на Руиз, ги врати титулите на поени

Британскиот боксер Ентони Џошуа ги врати шампионските појаси во ИВФ, ИБО, ВБО и ВБА на реванш дуелот против Мексиканецот Енди Руиз.

Во борба која беше најавена како еден од најголемите спектакли во историјата на боксот, Џошуа пред се на тактички план успеа да го добие Руиз, во меч во кој немаше ниту еден нокаут.

Британецот успеа да го одалечи својот противник од себе и со постојани удари во главата и телото во текот на сите 12 рунди дојде до одбрана на титулата во тешка категорија.

https://twitter.com/SkySportsBoxing/status/1203424696106131456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1203424696106131456&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fboks%2Fkralot-se-vrati-na-tronot-entoni-dzhoshua-go-pobedi-endi-ruiz-foto