1916: Најбизарната година откако постои метеоролошка документација

Наречена уште и како ”година без лето”, 1916 е најчудната година откако се документираат метеоролошки информации. Година во која, мразот во јуни и јули бил вообичаена појава.

Додека јануари и февруари од 1916 поминале во стандарден дух, во март дошло до значително заладување, скоро на цела планета.

Во април и мај дождовите непрестано паѓале, во јуни и јули мразот бил секојдневна појава, а во Њујорк паднал снег со покривка од еден метар.

Европа била погодена од силно невреме, а бројни реки се излиле од своите корита. Овие невообичаени појави му нанеле огромни штети на земјоделието ширум светот, а цената храната се зголемила за десетина пати.

Никој незнаел зошто зима дошла наместо лето, се до 1920 кога американскиот научник Вилијам Хемфрис поставил и денес прифатена хипотеза за тој климатски феномен.

Хемфрис открил дека во април 1915 дошло до ерупција на вулканот Тамбора, кој во атмосферата исфрлил тони вулкански пепел. Облакот бил толку голем да поголемиот дел од северната хемисфера бил покриен со покривка од прашина и нечистотија, а дури во мај 1916 година станало јасно дека нешто не е во ред.

Мразот ги уништил сите посеви, а гладта која се појавила по тоа предизвикала социјални немири, побуни, пропаст на цели општествени заедници и значително зголемување на стапките на криминалот.

”Годината без лето” според бројни научници е главен виновник за избивање на една од најсмртоносните еподемии на тифус во историјата. Додека студот ја парализирал северната хемисфера, монсуните ја опустошиле јужната, предизвикувајќи ширење колера, убивајќи десетина илјади луѓе.

Ирска во тој период преживеала катастрофален глад, а Кина била принудена да го напушти садењето на ориз и да почне со одгледување на далеку попрофитабилбниот афион, со што се поставиле темелите за пазарот со опиум.