Добро одбрано друштво

Бред Пит и Леонардо Ди Каприо го привлекоа целото внимание на премиерата на филмот на Квентин Тарантино на овогодишниот фестивал во КАН.

Главните актери на најновиот филм на Тарантино вчера беа главните ѕвезди на фестивалот во Кан. Екипата е фантастична. Марго Роби, Бред Пит и Леонардо Ди Каприо се во главните улоги на филмот “Беше еднаш во Холивуд“со кој Тарантино се надева на Златна Палма, прва по 1994. Но и остатокот од актерската екипа е одлична. Ал Пачино, Дакота Фанинг, Демиен Луис и покојниот Лук Пери се во споредните улоги во најновото милениче на Тарантино, во кој тој е продуцент, режисер и сценарист.

Премиерата е закажана на 26 јули, а Тарантино ги замоли тие што ќе го гледаат филмот на фестивалот да се воздржат од “спојлери”| до официјалната премиера на филмот.

Кои карактеристики ги спречуваат ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ за напредок во кариерата

Овен  Како и во животот така и во работата, Овните сакаат да бидат први, најдобри и…

Акциите на Apple пандаа, Google се предомисли околу Huawei

Откако Пекинг го предупреди Вашингтон дека ја потценува Kина во трговската војна, акциите на Apple паднаа,…