Кривичен одлучи: 30 дена притвор за Катица Јанева

Судија на претходна постапка од Кривичен суд и определи мерка притвор од 30 дена на Катица Јанева, како  трето обвинетата во случајот Рекет. Од вечерва шефицата на СЈО ќе биде во затврорт ”Скопје” во Шуто Оризари.

Притворорт го побара Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичен совет.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Јордан Камчев во предметот ”Империја”.