5 факти за сарказмот – највисоката форма на интелигенција

Сарказмот е најниска форма на духовитост, но највисока форма на интелигенција, вели Оскар Вајлд.

5-fakti-za-sarkazmot-najvisokata-forma-na-inteligencija-1.jpg

Можеби требаа неколку години, но истражувањата сега укажуваат дека Вајлд бил точен во својата анализа за сарказмот.

Всушност, невропсихолозите ги охрабруваат луѓето да не го избегнуваат и осудуваат соодветниот сарказам во канцеларијата, туку да го користат со внимание и умереност.

Сарказмот е поттикнувач на конфликт, велат истражувачите, но исто така и катализатор за креативност кога се користи умерено и соодветно кај луѓето кои си веруваат едни на други.

Безопасните форми на сарказам ја промовираат креативноста преку апстрактно размислување за престојната саркастична размена.

Студиите укажуваат дека сарказмот го вежба мозокот повеќе отколку искрените изјави, бидејќи мозокот треба да работи понапорно за да го разбере, преведе и осмисли „контра нападот“.

Оваа дополнителна обработка може да ја изостри нашата интелигенција, бидејќи го активира апстрактното размислување.

Ви издвојуваме 5 факти за сарказмот кои веројатно не сте ги знаеле:

1. Сарказмот се смета за повисока форма на интелигенција

И навистина е така. Постојат вистински истражувања кои покажуваат дека сарказмот е нуспроизвод со добра когнитивна функција.

Велат дека сарказамот најдобро го разбираат луѓето кои имаат добра смисла за хумор, тој всушност оди рака под рака со него и со интелигенцијата бидејќи вклучува брзи и спонтани враќања.

Исто така, тоа укажува на вашата способност да размислувате и полесно да се справувате во одредени „кризи“ (до одреден степен).

5-fakti-za-sarkazmot-najvisokata-forma-na-inteligencija-2.jpg

2. Ви помага да најдете луѓе кои се ваши истомисленици

Саркастичните луѓе обично се опкружени со луѓе кои ја разбираат и ја сакаат својата брзина и остроумност.

Тие навистина се справуваат со потешкотии во пронаоѓањето на истомисленици, затоа што поголемиот процент на луѓе од нивното секојдневие, нивниот сарказам го доживуваат како подбивање и навреда или пак воопшто не можат да го сфатат.

Значи, пронаоѓањето на саркастична „сродна душа“, всушност дејствува како процес на филтрација.

3. Ви помага да се извлечете од непредливите, незгодни ситуации

Никогаш не  потценувајте што брзата досетливост и лесната смисла за хумор можат да направат за вас.

Додека честопати, непријатните коментари можат да бидат вистинската причина за проблемот, сарказмот може да дејствува како прекинувач на напнатоста.

Добро поставената забелешка може да предизвика чуда, особено затоа што сарказмот има тенденција да биде прилично случаен по природа.

Што значи, саркастичните луѓе умеат да се снајдат во речиси секоја ситуација и да ја прикријат својата напнатост со помош на само едно оружје – зборот.

4. Саркастичните луѓе се меѓусебно поврзани преку своите емоции

Што е тоа што оваа чудесна, паметна карактеристика има врска со емоциите, прашувате?

Па, излегува дека сарказмот има тенденција да потекнува од прилично емотивен простор.

Додека повеќето го поврзуваат со конфликт и траума, некои истражувања покажуваат дека тој всушност потекнува од љубовта и емоциите.

Неверојатно нели?

Тие велат дека ние луѓето имаме тенденција да се „бориме“ и докажуваме најмногу со луѓето што ги сакаме и истото правило важи и за сарказмот.

5-fakti-za-sarkazmot-najvisokata-forma-na-inteligencija-3.png

5. Сарказмот е во корелација со креативноста

Шокантно? Па и не баш. Истражувањата покажуваат дека саркастичните луѓе обично имаат тенденција да бидат покреативни и поиновативни.

Не е дека тие само седат наоколу, држејќи мала црна книга исполнета со неподносливи коментари, нели?

Сепак, границата помеѓу сарказмот и безобразлукот е навистина тенка и треба да се внимава.

Сарказмот е навистина уметност која не секој може да ја поседува, а уште помалку да ја прифати и негува.

Во продолжение ви издвојуваме неколку од најсаркастичните цитати:

„Сакам сарказам. Тоа е како да удирате луѓе во лице, но со зборови“.

„Не велам дека ве мразам, она што го зборувам е дека вие сте буквално понеделник во мојот живот“.

„Сарказам: затоа што расправањето со глупави луѓе едноставно не би било забавно“.

„Сарказам: Помош на интелигентните учтиво да ги толерираат глупавите и злобни луѓе“.

„Сарказмот е природна одбрана на телото против глупоста“.

„Зомбијата јадат мозоци. Ти си заштитен.“

„Ќе се обидам да бидам пофин, ако вие пробате да бидете попаметни“.