9 бизарни работи кои биле “нормални” во минатото

Ако мислите дека денеска луѓето прават необични работи, треба да го проверите нашето неодамнешно минато. Некои неверојатни и бизарни работи се сметале за нормални и легални, а ова е комплиација на некои од нив.

Лекување со кокаин

Пред 100 години луѓето не го сметале кокаинот за штетна супстанца. Напротив, бил достапен во дрогериите и се продавал без рецепт за лечење на кашлица и забоболка. Кокаинот исто така бил препорачуван  како седатив за деца, и како секој друг лек бил рекламиран.

Праќање на деца по пошта

Звучи како шега, но на почетокот од 20 век Американците имале обичај да ги праќаат своите деца по пошта апсолутно законски и легално. Услугата ги чинела 15 центи ако нивното дете не тежело повеќе од стандардните пратки. На тој начин родителите заштедувале време и пари кога ги праќале своите деца кај роднини.

Надворешни кафези за бебиња

Во трисетите години на минатиот век, жичаните кафези за деца биле прилично популарни кај британските семејства. Со помош на овие метални конструкции децата можеле да бидат изнесени на свеж воздух додека нивните мајки биле ангажирани околу домашните обврски.

Сопствен испосник во своја градина

Богатите луѓе најчести ги имале најголемите хирови во историјата. во кој принудувале други луѓе да патат за нивна забава. Во 18 век било полуларно да се поседува свој испосник кој живеел во нивната градина. На испосникот не му било дозволено да се мие, пере или да ги сече своите нокти и коса. Живееле во рачно ископана пештера, а богатите сопственици биле горди на своите живи декорации и ги покажувале на гостите.

Сомнителни методи на лечење

Не толку одамна лекарите немале никакво знаење за дезинфекцијата и употребувале чудни методи: Пуштањето крв било лек за сите болести, се сечел јазикот како би се сопрело пелтечењето, се изведувала лоботомија (отварање на мозкот) и се лечело со електрошокови. Дури и најуспешните лекари во тоа време како ортопедот Луис Сајри (на фотографијата со својот пациент), изведувале безброј операции со смртоносни исходи.

Радиоактивни играчки

Во педесетите години на минатиот век, радијацијата е третирана како прилично безбедна појава. Ваквите атомски играчки, како што е мини лабараторијата прикажана на фотографијата биле навистина популарни. Сетот за експерименти во себе вклучувал и вистински ураниум и полониум во мали количини.

Човечки зоолошки градини

Човечките зоолошки градини имале за цел да изложат луѓе од Африка и Азија, како доказ за Дарвиновата теорија. Ваквата срамна забава постоела многу години. На фотографијата е зоолошкра градина во Белгија од 1958.

Збирка од делови на тело

Денеска само ментално пореметени луѓе собираат делови од човечко тело како трофеи. Но тоа некогаш било само нормално хоби, а угледните личности имале свои патоанатомски соби во своите домови. Дури и војниците дома носеле черепи од воените непријатели. На оваа слика е еден американски морнар, кој за време на Втората светска војна дома си однел череп на јапонски војник.

Пушење во тек на бременоста препишано на лекарски рецепт

Денеска пушачите се ограничени на многу начини, но пред 70 години американските лекари им препишувале пушење на трудниците за да се ослободат од констипација. Дури на трудниците кои родиле им било дозволено пушење во болничката соба, истиот ден.